Познатиот фудбалер на „Интер“ Марсело Брозовиќ, донираше 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Менче Трповска од Македонија, која преку социјалните мрежи побара финансиска помош за операција на колковите.
Трпковска преку објава на социјалните мрежи објасни дека еднаш е оперирана, но дека поради компликации кои се случиле после успешната прва операција, мора да се направи уште еден оперативен зафат.
Нејзината објава ја пренесоа и навивачите на Интер од Балканот.
„Вчера по само еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат на Менче, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека го уплатил целиот износ за операцијата. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, оставени сме без текст. Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет“, напишаа администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.
Strugaonline
Facebook Коментари