Православните Христијани денеска го празнуваат големиот празник Света преподобна Параскева (Св. Петка)
Православните христијани денеска го одбележуваат големиот празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка).
Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска.

Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден е родум од Рим. Родителите и биле христијани, уште од детството била воспитувана во Христовиот дух. Кога починале нејзините родители таа го подарила целиот свој имот на сиромашните и се замонашила.
Света Параскева се смета заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води кои уште и се нарекуваат петочни води.

