Прекрасни денови ни престојат

- Македонија
1963

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Под влијание на стабилна и сува воздушна маса насекаде во земјава преовладуваше сончево и топло време со слаб северен ветер, кој повеќе беше изразен на повисоките места и планините.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер кој повеќе е изразен на повисоките места и планините. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и свежо со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури на некоиместа ќе бидат негативни и ќе се движат од -3 до 3, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во пораст и во интервалот од 17 до 22 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а облачноста постепено ќе се зголемува. Во петок во југосточните делови ќе има слаб дожд. За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Извор: Ухмр

Facebook Коментари