Премиерот Зоран Заев денеска ја прими првата доза од вакцината „Синофарм“ во пунктот за вакцинација во спортската сала „Борис Трајковски”.
По имунизацијата изјави дека се чувствува одлично и дека ќе продолжи со дневната агенда. Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, истакнувајќи дека сите вакцини се безбедни и дека само со масовна вакцинација ќе го победиме невидливиот непријател.
– Вакцината на „Синофарм“ беше на располагање кога дојдов на ред, согласно националниот план за имунизација. Со дозите вакцини што пристигнаа минатата седмица, како и со количините што ќе пристигнат во претстојниот период верувам дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на население кое ќе биде вакцинирано. Тоа ќе придонесе кон целосно менување на сликата на епидемијата кај нас. Ги охрабрувам граѓаните да се пројават за термин за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk и да си го обезбедат единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот. Вакцините се безбедни, проверени и тестирани. Важно е масовно да се учествува во овој процес, рече Заев.
Facebook Коментари