Преминот Евзони деблокиран

Граничниот премин „Богородица – Евзони“ на македонско-грчката граница по 18 дневна целосна блокада од страна на грчките земјоделци, е деблокиран и прооден за сите видови возила.
Како што соопшти АМСМ, блокадата од трактори од грчка страна е отстранета. Поради штрајк на грките земјоделци Евзони беше затворен за секаков вид сообраќај од 30-ти минатиот месец. Официјално сè уште течат преговорите на грчка страна со земјоделците.

