Денес се одбележува празникот на македонскиот светец, Преподобен Гаврил Лесновски.
Тој бил родум од Македонија, Словен по потекло, од село Осиче, паланечко. Живеел во 11 век.
Свети Гаврил бил монах пустиножител. Се подвизувал 30 години во Лесновската планина близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир. Во манастирот се вратил пред својата смрт. Чудотворец за време на животот и по смртта.
Се упокои во Господ на крајот од 10 век.
Тропар
Откако Го возљуби Христа ревносно повеќе од с?, и се украси со убавина, смирение и трпение, целиот свој живот на земјата Му го предложи Нему. Затоа ги наследи небесните обители и се удостои за делот на праведните. Со нив, пак, моли се, да се спасат душите наши.
Кондак
На земјата си поживеал ангелски, и со животот си го објаснил Евангелието; умот твој си го свртел кон небесата, а луѓето си ги учел на благочестие. Поради тоа те славиме: Радувај се, преподобен Гавриле, Лесновска похвало.
Извор: mpc.org.mk , фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари