Преподобен Иларион Нови

- Македонија
160

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28-ми март, денот кој се слави во чест на Преподобен Иларион Нови. Преподобен Иларион Нови беше игумен на Далматската обител во Цариград. Ученик на светиот Григориј Декаполит и подражавател на животот на свети Иларион Велики, чиешто име и го зеде. Силен во молитвата, истраен и храбар во страдањето. А страдаше многу за иконите во времето на злите иконоборни цареви, Лав Ерменин и другите. Потоа царот Лав го исекоа со меч неговите сопствени војници во истата онаа црква во којашто ги исмеа светите икони и од каде што ја тргна првата икона. Тогаш Иларион беше пуштен од затвор. Повторно беше мачен и држен в затвор сè до доаѓањето на правоверната царица Теодора. Имаше дар на прозорливост. Ги виде ангелите Божји кога ја однесоа на небото душата на светиот Теодор Студит. Откако Му угоди на Бога, се упокои во Царството небесно, во 845 година, во својата седумдесетта година.

Тропар
Црквата земна тебе, Иларионе, слава ти воздава, и сите ги просиме твоите молитви пред Господа нашиот Спасител, Кого ти, исповедниче, пред вселената Го прослави. Трудот твој благодатен венец исплете и мачеништво исповедничко за Иконата Христова поднесе, но радоста е преголема за оние кои одмор сега имаат во Господа.

Извор: mpc.org.mk , фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари