Лев банер Десен банер

Претседателот Иванов денеска ќе се обрати пред граѓаните

Претседателот Ѓорге Иванов во текот на денот ќе се обрати пред граѓаните по денешната двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кои го информираа за постигнатиот договор за името, соопшти од кабинетот на шефот на државата. Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на Уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, е содржано во договорот, кој вчера во телефонскиот разговор го потврдија премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, а потоа и ја информираа јавноста во своите земји за постигнатото во обидите да се стави крај на 25-годишниот спор.

Извор: МИА

Strugaonline

error: