Претседателот на Советот на јавни обвинители Аневски поднесе оставка

- Македонија
844

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Петар Аневски, денеска поднел оставка од функцијата.

Аневски поднел оставка само од претседателската функција, но и понатаму останува член на Советот.

На денешната седница на Советот, за в.д. јавен обвинител на РМ е назначена обвинителката Лилјана Спасовска. Таа ќе ја извршува должноста до именување нов јавен обвинител на РМ.

Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.

Извор: a1on

Facebook Коментари