Претседателска кампања: Гордана Силјаноска Давкова денеска со митинг во Струга

- Македонија
932

Oткако вчера започна изборната кампања за претстојните претседателски избори, претседателските кандидати денеска продолжуваат со митинзи и средби со граѓани.

Кандидатот на опозицијата, Гордана Силјаноска Давкова ќе митингува во Струга, Ресен и Дебарца.

Митингот во Струга е закажан за 18:30 часот на новото шеталиште.

Кандидатот на владината коалиција, Стево Пендароски, денеска има средби со граѓани во скопско Сопиште и Студеничани, а за попладне закажани се митинзи во Центар и Аеродром.

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, според најавите, за денеска нема закажано активности.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари