Владата на денешната седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и „Синохидро корпорејшн лимитид“.
– Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница Кичево-Охрид заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Синохидро корпорејшн лимитид, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Strugaonline
Фото: архива
Facebook Коментари