Продолжува намалувањето на цените во роаминг за земјите од Западен Балкан

- Македонија
544

Земјите од Западен Балкан денеска одбележуваат една година од стапувањето на сила на договорот за намалување на цените во роаминг.

„Нашите граѓани изминатата година зборуваа, користеа интернет и праќаа СМС пораки за цени пониски и до 99%.

Конкретно, 5,04 денари за појдовни повици, 2,9 денари за дојдовни повици, СМС пораки се праќаат за 2,63 денари по порака, а цената на МБ интернет е 1,9 денари.“ – велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Од денеска, дополнително се намалува цената за дојдовни повици и таа сега изнесува 1,5 денари.

Согласно договорот, до јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат. Ова е предусловот што Северна Македонија заедно со останатите пет држави од регионот го исполнува со цел воведување на „роаминг како дома“ и со земјите од Европската Унија.

На денешниот состанок на министерите задолжени за дигитализација во регионот, Советот за регионална соработка и претставници од Европската Комисија, беше заклучено дека ќе се изработи мапа за следни чекори и рокови за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари