Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно на запад и на исток. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, поизразен попладне и вдолж Повардарието. Температурата ќе биде во интервал од 19 дo 25 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До крајот на работната недела ќе се задржи топлото време. Преодно наоблачување ќе има во четврток со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови. Максималните температури нема многу да се менуваат,а утрински негативни температури не се очекуваат. За време на викендот краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе би де се посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови во западните и северните делови од земјата. Од понеделник ќе има и позначително спуштање на температурата.
Извор: УХМР
Facebook Коментари