Работилница за ориентални кратки поетски форми

- Македонија
837

Март е месецот на пролетта, а со пролетта заедно, секогаш се буди и креативноста. Затоа „Writing studio“ ве поканува  пролетна работилница по креативно пишување на ориентални кратки поетски форми.


Притоа, ќе имате можност да се запознаете со ХАИКУ, СЕНРЈУ, ХАИБУН, ХАИНАКУ, ЛУН (АМЕРИКАНСКО ХАИКУ), ТАНКА и СОМОНКА. На часовите преку примери ќе бидат објаснети формите на овие типови песни, а потоа слушателите/ките ќе пишуваат свои (ко)авторски дела во тие форми.

Имено, работилницата е наменета за сите оние кои имаат желба да пишуваат, со или без книжевно предзнаење и без разлика дали претходно објавиле нешто свое авторско или не. Работилницата е предвидена за возрасни слушатели/ки, студенти/ки и средношколци/ки.

На работилницата ќе се стави акцент на креативноста на слушателите/ките и на креативната слобода во пишувањето, и покрај тоа што ќе се работи на поетско насочено мислење во рамките на поетските форми кои ќе се работат. Работилницата не е теоретски насочена, што значи нема книжевно да се обработуваат поетските форми, туку ќе им се пристапи практично.

Средбите ќе се случуваат во текот на целиот месец март, еднаш седмично, секој четврток од 20.00 ч. и ќе траат по 90 мин. (1.3.2018, 8.3.2018 – со можност за презакажување поради празникот, 15.3.2018, 22.3.2018 и 29.3.2018).

Предвидено е објавување на заеднички зборник од (ко)авторските творби на слушателите/ките.

Цена на месечната работилница: 2500 денари.
Менторка: Елена Пренџова (поетеса), магистерка по филолошки науки и дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност. Авторка е на шест книги поезија и книга есеи за поезијата и уредничка на две поетски антологии. Четири од нејзините книги се наградени со национални награди за најдобра поетска книга на млади поети до 35 години и за најдобра поетска книга на авторка- членка на Друштвото на писатели на Македонија. Последниве неколку години организира слем-натпревари низ Македонија. Била менторка на работиници за креативно пишување во Македонија и Србија.

Сите заинтересирани можат да се пријават на  e-mail: [email protected]; и  телефон: 075/310-781; 070/382-070

Strugaonline

Facebook Коментари