Регулаторната комисија за енергетика: Горивата поевтинуваат за два денари

Горивата, од денеска на полноќ, ќе поевтинат за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на регулаторите, Еуросупер БС -95 ќе се продава по цена 65 денари за литар, а Еуросупер БС -98 ќе изнесува 67 денари за литар. Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 52 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40,5 денари за литар.
За 1,337 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 26,955 денари.

