РKE: Од полноќ горивата со нова цена

- Македонија
895

Бензините остануваат по стара цена, дизелот поевтинува за 1,5 денари по литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден./литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден./литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,00 ден./литар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,00 ден./литар, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС- 98 изнесува 67,00 ден./литар.

Извор: РКЕ

Facebook Коментари