РКЕ одлучи, од полноќ поевтинуваат горивата

- Македонија
617

Oд полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот (Д-Е V) поевтинуваат за еден денар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денар денар/килограм.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 72 денар/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 74 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 62,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 62 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 36,876 денари/килограм.

Facebook Коментари