РКЕ одлучи-Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот

- Македонија
344

Од ноќеска на полноќ нови цени на нафтените деривати.

 Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за 1,50, односно 2 денари, Еуродизел (Д-Е V) ќе биде поевтин за половина денар, цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета, додека на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,072 ден/кг.

• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 94 денари/литар
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 96,50 денари/литар
• Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,50 денари/литар
• Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 93 денари/литар
• Мазут М-1 НС – 49,995 денари/килограм

Facebook Коментари