Лев банер Десен банер

Романот „Единствен матичен број“ од писателката Лидија Димковска ја доби награда ,,Роман на годината“ за 2023 година

Романот „Единствен матичен број“ од писателката Лидија Димковска во издание на „Три“ е добитникот на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредност „Славко Јаневски“.
Во конкуренцијата за оваа книжевна награда, која во земјава се доделува по 25. пат, беа 36 романи.
-При изборот, беа одржани пет состаноци, а во финалето за наградата, освен романот „Единствен матичен број“ од Димковска, беа и романите „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или-или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“).-информираат од Министерството за култура.
Генерален покровител на наградата „Роман на годината“ е Комерцијална банка АД Скопје, а наградата е поддржана и од Министерството за култура. Се состои од плакета, уникатна статуета и паричен износ од 150 000 денари.
Strugaonline

error: