Се одбележуваат 15 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

- Македонија
658

Денес во Македонија ќе се одбележат 15 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

По тој повод, во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел, цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови на неговото семејство како и , повеќе делегации и граѓани.

Во авионска несреќа што се случи на 26- ти февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

За причините за падот на „Кингерот“, во изминативе 15 години беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.

И во двата извештаи, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „Кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари