Се укинува обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во државата

- Македонија
719

 

Вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави дека на денешната владина седница е донесена одлука за укинување на обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во државата.

„На денешната седница ја усвоивме препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација, сертификат за прележан Covid 19, негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.Во врска со оваа одлука ја укинавме и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи“, напиша Груби.

Тој додава дека се укинува и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари