Случај ,,Рекет“-9 години затвор за Бојан Јовановски и 7 години затвор за Катица Јанева

- Македонија
702

Познатиот случај ,,Рекет“ доби разрешница.

Бојан Јовановски и Катица Јанева се прогласени за виновни за делата кои им се ставаат на товар во овој судски процес кој од самиот почеток беше будно следен од целата јавност во земјава.

Бојан Јовановски е осуден на казна затвор од девет години, а поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева е осудена на казна затвор од седум години.

Јовановски и Јанева се задолжуваат да ги платат и трошоците за судскиот процес, се конфискуваат парични средства и предмети купени со противправно стекнати пари.

Facebook Коментари