
Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима”, вечер од 20.30 часот во Македонската филхармонија ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето”. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира нејзиното гостување со поддршка од Амбасадата на Израел во Македонија, а со со концертот ќе бидат одбележани 70 години независност на Израел.
По вечерашното отворање, „Скопско лето 2018“ ќе продолжи со програмските содржини кои традиционално траат до 31 јули. Во 40-те фестивалски дена најавени се околу 50 настани театарски претстави, концерти од различни жанрови, програми за деца, десетина изложби со домашни и со ликовни уметници од странство, промоции на книги и други културни случувања.
Strugaonline
Facebook Коментари