Собранието ги изгласа измените на законот за пушење

- Македонија
1096

Со  41 глас „за“, Собранието го усвои Предлог-Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, поднесен од пратениците: Томислав Тунтев, Јован Митрески, Мирсада Емини Асани, Шпреса Хадри, Петре Шилегов и Васко Ковачевски. 14 беа „против“ и имаше еден „воздржан“.

Со измените, како што кажа при образложувањето на Предлог-законот Томислав Тунтев, е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Тој кажа дека не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории.

„Останува целосно во сила забраната за пушење во сите затворени објекти. Ниту едно право што го имаат непушачите во моментов нема да биде загрозено“, рече Тунтев.

Извор: СДК

Фото: архива

Facebook Коментари