Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози

- Македонија
47

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 година е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

РАБОТИ НА ПАТ:

  • Од ден 26.05.2025, се започнува со градежни активностисанација на мост на река Драгор на ул. “Довеџик” општина Битола, со што ќе има затворање на сообраќајот кај мостот на ул. “Довеџик” при што сообраќајот ќе се пренасочува по времен премин – девијација.
  • Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка.
  • Патниот правец Р2337 Кичево – крак со с. Цер од ден 12.05.2025 ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10.00ч. – 16.00ч. поради изведување на градежни работи на пат – (асфалтирање).
  • На ден 13.05.2025 се започнува со градежни активности – санација на мост на река Вардар на државен пат А2, делница Гостивар-Стража, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај.
  • Од 24.04.2025 г. има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување.
  • Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена.
  • Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 03.04.2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности.
  • На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница.
  • На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
  • “Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.
  • На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година.

Извор: АМСМ, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари