Стартува новата учебна година – првачињата влегуваат во нова етапа од детството

- Македонија
1756

Денеска започнува новата учебна година, највозбудлив но истовремено и збунувачки ден за првачињата кои денеска за прв пат седнуваат во училишните клупи и секојдневно ќе се дружат со групата врсници. Освен дружењето и социјализацијата која започнува на таа возраст, првчањата се сретнуваат и со првиот авторитет надвор од семејството, а тоа е нивната учителка преку чии предавања ќе учат и ќе се образуваат. Ваквата промена според психолозите треба да подлежи на добра подготовка најпрво од страна на родителите кои истовремено се среќни и тажни затоа што детството повеќе не е толку безгрижно, односно ги внесува децата во светот на обврските.

Странските психолози препорачуваат родителите да разговараат со своите деца за промената која се случува и истата да се сфати како позитивна, учењето на основните вештини како што се читање, пишување, создаваат нова перспектива со која децата освен играта и безгрижноста добиваат чувство на корисност, стекнуваат самодоверба и поголема свесност за себе. Важен сегмент е и психолошката подготовка за проверката на знаења која ќе следи понатаму во образовниот процес, истата не треба да претставува голем стрес, туку децата треба да се подготват дека тестовите и писмените задачи се само можност за покажување на стекнатото знаење.

 

Освен првачињата, овој 4-ти септември е важен и за учениците кои прават премин од четврто во петто оделение и секако учениците кои започнуваат да ги живеат средношколските денови и години.

 

Facebook Коментари