Светска банка денеска ќе го презентира пологодишниот извештај за состојбите во економијата во Македонија
Од страна на Светска банка, денеска ќе биде презентиран редовниот полугодишен извештај за состојбата на економијата во Македонија и во останатите земји кои спаѓаат во регионот на Западен Балкан.

Извештајот ќе го презентираат регионалниот директор за Западен Балкан Елен Голдстин и програмскиот лидер за Западен Балкан за рамномерен раст, финансии и институции во Светска банка, Марко Хернандез.

