Лев банер Десен банер

Тамара Toдевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2019

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на  Евровизија 2019, која од 14 до 18 мај ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Според објавата на  Македонската радио-телевизија, се работи на повеќе композиции, а најдобрата ќе ја изберат Тамара и нивниот тим.

Тамара Тодевска до сега има три евровизиски искуства.  Во 2008 во Белград настапи заедно со Адријан Гаџа и Врчак, а двапати учествуваше и како придружен вокал: со  Тоше Проески во Турција во 2004 и во 2014 година во Данска.

error: