Температурата на водата во Охридското езеро е 27 степени, во Дојранското езеро измерени 32 степени

- Македонија
354

Температурата во водите на Охридското езеро е 27 степени, во Преспанското езеро се измерени 29 степени, а најтопло е Дојранското езеро со 32 степени, покажуваат мерењата од УХМР направени денеска во 13:00 часот.

Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР спроведени утринава, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското нема промени.

Водостојот на Охридско Езеро денес е на кота 693,58 м.н.в што е и просекот за месец јули.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари