Лев банер Десен банер

Тесен резултат на првиот круг од претседателските избори, следува неизвесен втор круг

Својот нов претседател, Македонија ќе го избере во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи на 5-ти мај.

После вчерашниот изборен ден, „мртва трка“ помеѓу Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски. Според резултатите од државната изборна комија на преброени 99,96 отсто од гласовите, Пендаровски освоил 323.846 гласови, додека Давкова 319.240 гласа. Кандидатот на БЕСА и Алијансата, Блерим Река освоил 79.915 гласови.

Во проценти,  Пендаровски има 42,85 проценти од гласовите, Силјановска Давкова 42,24 проценти, а Река 10,57 отсто.

Неважечки се 32.828 гласови или 4,34 проценти.
Во вториот круг, граѓаните ќе одлучуваат помеѓу Пендаровски и Сиљановска.
Strugaonline
фото: архива

error: