Лев банер Десен банер

Трошоците за живот пораснале за 1,7 проценти во споредба со лани

Трошоците на живот во мај годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 1,0 проценти, а во однос на мај лани пораст од 1,7 проценти. Цените на мало во овој период бележат раст од 0,7 проценти во однос на април годинава и 3,1 отсто во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 13,1 отсто, цигарите за пет отсто, свежото и разладеното овошје за 2,3 отсто, замрзнатото овошје за 1,3  отсто, другите прехранбени производи за 0,7 отсто, месото за 0,6 отсто, алкохолните пијалаци за 0,5 отсто, сирењето и урдата за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,3 отсто, рибата и морските плодови и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Извор: ДЗС

фото: архива

Strugaonline

error: