УХМР најавува невреме за кон крајот на денот и за утрешниот ден

- Македонија
945
– Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави локален пороен дожд и грмежи кон крајот на денов, особено во северозападното подрачје. Во текот на ноќта во западните делови можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на
град.  Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти УХМР.
Извор: УХМР
фото: aрхива
Strugaonline

Facebook Коментари