УХМР најавува обилни врнежи од дожд со пороен карактер

- Македонија
282

Под влијание на циклонска активност денеска попладне и во вторник ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни ( од 20 до 40 л/м2) со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер ( над 70 км/час).

Во вторник врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места.  Дневната температура во вторник ќе биде во опаѓање.

Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари