Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, најавуваат од УХМР.
Потоа, од среда до петок, додаваат, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари