УХМР-Најмногу дожд наврна во Пожаране, врнежите продолжуваат и денеска

- Македонија
467

Според информациите на УХМР во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Пожаране , 48 литри на квадратен метар воден талог, во Тетово 39, Виница 36, Крушево 34, Скопје, Охрид, Гевгелија и Ѓуриште 26, Битола 25, Демир Капија 23.

Врнежите продолжуваат и денеска,  а според актуелното предупредување на УХМР, денес ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец.

Извор: УХМР

Facebook Коментари