УХМР: Настапува влажен бран, врнежи од дожд и снег, заладување

- Македонија
740

oblacno

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

1 Скопје Петровец, 6 Крушево, 7 Скопје Зајчев Рид, 8 Тетово, 10 Ѓуриште, 12 Пожаране, 30 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-1 Скопје Петровец, 0 Берово, 2 Скопје Зајчев Рид, Кр. Паланка, Струмица, 3 Куманово, 4 Битола, Маврово, Тетово, Крушево, Лазарополе, 5 Прилеп, Претор, Гевгелија, 6 Тополчани, Ѓуриште, Штип, 7 Виница, 8 Дојран, Пожаране, Охрид, 9 Дебар, Д. Капија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

1 Маврово, 2 Кр. Паланка.

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Претежно облачно, по одделни котлини  со појава на магла. Дува слаб а на некои повисоки места и планините повремено умерен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладнево по одделни котлини ќе има  појава на  магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 л/м2, а во источните локално и околу 20 л/м2. Можна е и ретка појава на грмежи. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре претежно облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, пообилни ќе бидат претпладне во источните делови. Попладне ќе започне да дува умерен северен ветер.

Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.

Facebook Коментари