УХМР: Облачно со повремени врнежи од снег

- Македонија
635

ed03-apr22

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Облачно и студено, во југозападните делови со врнежи од снег со слаб а во Пелагонија со умерен интензитет. По котлините има ниска облачност и магла, во Полошката котлина има магла со намалена видливост до 500. Дува слаб ветер од североисточен и југоисточен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места и планините.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Нашето подрачје е под периферно влијание на циклонска активност од Медитеранот и влажна воздушна маса која предизвика облачно време со повремени врнежи  од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет.  Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините за 5 до 10 cm.  Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Највисоката температура на воздухот че биде во интервал од -2 до 4 степени , а во Полошката котлина до околу -4 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени  врнежи од снег со слаб интензитет,особено претпладне и на југоисток. Ќе дува и умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Од четврток облачноста постепено ќе се намалува , утрински температури ќе бидат во опаѓање и најниски се очекува да бидат во сабота од -16 до -6 степени, а дневните во благ пораст.

Facebook Коментари