Лев банер Десен банер

УХМР-Од попладне врнежи од дожд, интензитетот може да предизвика слевање на вода во градските урбани средини

Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, на поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата.

-Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава.- информираат од УХМР.

Strugaonline

error: