УХМР предупредува дека Македонија влегува под многу студена воздушна маса

- Македонија
698

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Утринската температура ќе се движи во интервал од -12 до -9 степени, а максималната дневна од -1 до 1 степен. Од УХМР предупредуваат дека под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица времето ќе биде променливо и студено. Утринските температури ќе бидат во интервал од -14 до -6, а дневните на повеќе места во текот на целиот ден ќе се задржат под нула. Благо покачување на дневните температури ќе има во недела кога се очекува да бидат во интервал од -3 до 6 степени, а ќе има и повремен слаб снег.

Извор: УХМР

Facebook Коментари