УХМР: Претпладне променливо облачно, попладне сончево

- Македонија
637

сончево

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-2 Ѓуриште, Маврово, -1 Крушево, Лазарополе, 0 Пожаране, Претор, Тополчани, 1 Куманово, Берово, 2 Скопје Петровец, Кр. Паланка, Охрид, Прилеп, 3 Штип, Виница, Тетово, Струмица, 4 Скопје-З.Рид, Дојран, Битола, 5 Д. Капија, Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.

1 Лазарополе, Виница, 2 Струмица, Маврово, 3 Битола, Куманово, 4 Пожаране, Берово, Кр. Паланка, 5 Крушево, 7 Штип, 10 Дојран, 17 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне променливо облачно,  во текот на денот облачноста ќе е намалува и ќе преовладува сончево со  умерена облачност. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието и во источните делови умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени. Во Скопје претпладне умерено облачно, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе преовладува претежно облачно време со слаб источен ветер. Во вечерните часови и во петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневните температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе биде постудено со уште пониски дневни температури, а  утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.

Facebook Коментари