Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, утре попладне и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Процесите ќе бидат поинтензивни утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.
Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари