Лев банер Десен банер

УХМР со најава за пообилни дождови, грмежи и силен ветер

Денес ќе дува умерен а долж Повардарието и на североисток засилува јужен ветер кој ќе се задржи преку ноќта во овие региони.

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот утре претпладне од запад кон централните делови од земјата ќе ќе се прошират врнежи од дожд проследени sо умерен до засилен јужен ветер и со услови за појава на грмежи. Особено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат наместа пообилни (над 30 л/м2),  локално во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час.

Утре температурите преку денот ќе бидат малку над просекот за овој дел од годината, а за време на викендот ќе опаднат за 3 до 5 степени.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: