УХМР со предупредување: Од утре ќе биде многу топло со натпросечни температури, од четврток над 40 степени

- Македонија
431

Денес околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност која поради големата енергија во атмосферата ќе биде во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Од утре и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Утре насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35 степени. Најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари