УХМР: Сончево со мала до умерена облачност

- Македонија
556

облачно-со-малку-сонце

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Насекаде е облачно, освен во Гевгелија и Лазарополе, каде е сончево, а во Маврово и Крушево има појава на магла со ограничена хоризонтална видливост до 50м. Дува слаб до умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне во поголем дел од земјава ќе има зголемена ниска облачност, а попладне ќе ппреовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -4 до 2 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во сабота ќе преовладува претежно сончево и тивко време со пониски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и под -15 степени,  додека дневните ќе бидат во благ пораст. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и можна појава на ретка магла. Од недела ќе има извесно зголемување на облачноста.

Facebook Коментари