УХМР: Времето денес претежно облачно со слаб источен ветер

- Македонија
578

облачно-со-малку-сонце

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта како и утринава насекаде во земјава преовладува облачно време со слаб ветер од северен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места и планините.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претежно облачно со слаб источен ветер. Во вечерните и   ноќните часови во крајните јужни делови, ќе има услови за слаб локален дожд, на планините слаб снег. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 5 до 10 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре претпладне ќе има повремен локален дожд со слаб интензитет, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во деновите од викендот ќе биде постудено со пониски дневни температури, а  утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.

Facebook Коментари