УХМР: Времето денес претежно сончево

- Македонија
606

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта како и утринава облачноста се намалуваше, како резултатна што и и утринската температура насекаде се спусти под нулата. Преку ноќта имаше слаб ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претежно сончево со слаб до умерен, наместа засилен северозападен ветер.  Највисоката температура преку денот се очекува да достигне од  4 до 9 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност но и  со ниски утрински температури.  Дневните температури  ќе бидат во постепен пораст а утринските ќе останат релативно ниски.

В петок и за време на викендот ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Facebook Коментари