МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта како и утринава насекаде во земјава се задржа облачно време и постудено , особено на повисоките места и планините. Дува слаб ветер од југоисточен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претпладне облачно, попладне променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер претежно од југоисточен правец. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до 8 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од утре облачноста ќе се намалува и ќе преовладува претежно сончево време со пораст на дневната температура. Поради намалувањето на облачноста, утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни и во опаѓање. До средината на работната седмица ќе дува северен ветер, кој во среда вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.
Facebook Коментари