УХМР: Времето денес променливо облачно, ќе дува умерен до засилен северен ветер

- Македонија
627

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и повеќе беа застапени во западните и јужните делови. Дуваше умерен ветер од северен правец. Во втората половина од ноќта врнежите постепено престануваа. Утринава преовладува умерено облачно а во поголемиот дел од земјава значително облачно време. Во Штип има ниска облачност и магла, а во некои котлини ниска облачност и слаба магла. Дува слаб ветер претежно од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно, во југоисточните делови со слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 11 до 16 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец. Утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално и со умерен интензитет. За време на викендот ќе има повеќе сончеви периоди и умерен, а во сабота засилен северен ветер.

Facebook Коментари