Лев банер Десен банер

УХМР: Времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-2 Маврово, -1 Тетово, Лазарополе, 0 Претор, Крушево, 1 Охрид, Битола, Скопје Петровец, 2 Берово, Дебар, Пожаране, 3 Тополчани, Скопје, Кр. Паланка, Прилеп, 4 Ѓуриште, Куманово, 6 Струмица, 7 Штип, Д. Капија, 8 Дојран, 9 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.

4 Гевгелија, Прилеп, Маврово, 5 Скопје, 6 Куманово, Тополчани, Д. Капија, Претор, Дебар, Струмица, 7 Ѓуриште, 8 Штип, Битола, Крушево, 9 Охрид, 10 Тетово, 11 Кр. Паланка, 12 Пожаране, 22 Берово, 24 Дојран.

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во централните и источните делови. Понекаде дува слаб ветер од променлив правец. Магла има во Скопско, a во Тетовско од преку ноќта има врнежи од слаб снег од кои се формира покривка со дебелина од 6 сантиметри.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почести до претпладневните часови и на истокот. На планините ќе има повремен снег. Попладне ќе има и краткотрајно услови за појава на ретки грмежи, особено на југоисток. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец. Температурата во интервал од 6 до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од денес попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Утре ќе има почести сончеви периоди и претежно на југот од земјата. Температурата ќе биде во опаѓање, но утринските температури ќе останат околу нулата. На крајот на работната недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег претежно на југозапад. За време на викендот малку постудено, а изгледи за повеќе сонце ќе има во недела.

error: