УХМР: Времето денес променливо облачно со слаб локален дожд

- Македонија
751

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта облачноста се зголеми и преовладуваше облачно време со повремено засилен северен ветер. Од раните утрински часови има и локални врнежи од дожд, на планините локален снег, претежно со слаб интензитет. Помалку облачност има во југоисточните делови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне променливо облачно со слаб локален дожд, а на некои планини со слаб снег. Попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во сабота ќе биде сончево со умерена облачност, а на места утринските температури ќе се спуштат под нула (-4 до 5 степени). Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен, а во сабота во западните делови засилен југозападен ветер. Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната недела.

Facebook Коментари